Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Менаџмент информациски системи

Кенет К. Лаудон,   Џејн П. Лаудон  




Оригинален наслов на книгата : Management Information Systems
ИСБН : 978-608-4535-55-3
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 2133 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 658
Димензии : 200x280
Корица : тврда



Краток опис

Книга е, пред сé, наменета за студентите по бизнис менаџмент, но истовремено и за сите што имаат намера да бидат успешни менаџери или, пак, да ги утврдат своите менаџерски способности. Читајќи го текстот, се подготвувате да влезете во реалниот свет на глобалното деловно работење и информациска технологија, дознавате на кој начин ја користат менаџерите ИТ за да станат поефикасни и поконкурентни и се насочувате како да ги донесете клучните одлуки поврзани со ИТ при своето секојдневно менаџерско работење.
Сето тоа е подготвено од реномираните автори Кенет К. Лаудон и Џејн П. Лаудон. Кенет е професор по информациски системи на „Стерн“ при Факултетот за бизнис од Универзитетот „Њујорк“. Автор е на многуброни статии и на десетина книги од областа на електронската трговија, информациските системи, работењето на организациите и на општеството воопшто. Џејн е консултант за менаџмент на информациски системи, со посебен интерес од областа на системски анализи, управување со податоци, ревизија на системите, проценка на софтверот и едукација на деловните луѓе за користење на информациските системи и нивно дизајнирање.
Книгата ја конципирале во четири дела:

-          Организации, менаџмент и мрежноповрзани компании.

-          Инфраструктура на информациската технологија.

-          Клучни системски апликации за дигиталната ера.

-          Креирање системи и управување со истите.

Информациските системи се меѓу најважните алатки што им се достапни на менаџерите за постигнување оперативна решителност, развивање нови производи и услуги, подобрување при донесувањето на одлуките и постигнување конкурентска предност. Сé што треба да направите не е многу тешко т.е. на вас останува полесниот дел од работата: да ја прочитате книгата!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците