Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Компјутерски мрежи

Ендру С. Таненбаум  




Оригинален наслов на книгата : Computer Networks
ИСБН : 978-608-4535-59-1
Година на издавање : 2009
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 2419 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 920
Димензии : 175x243
Корица : тврда



Краток опис

Овој класичен бестселер ги одразува најновите и најважни технолигии за вмрежување со посебен акцент на безжичните мрежи вклучувајќи ги 802.11, Блутут, широкопојасни безжични мрежи, ад хок-мрежите, i – режимите и WAP. Секако, застапени се и фиксните мрежи како што се ADSL, кабелски интернет, гигабит етернет, партнерски мрежи, NAT и MPLS. Вметнати се 60-тина странции за апликации од типот на интернет-радио, глас преку IP и видео по барање. Нормално е едно цело поглевје да се посвети на мрежната сигурност.
Авторот Ендру С. Таненбаум е професор по компјутерски науки на Универзитетот „Vrije“ – Холандија и научен директор на Данскиот факултет ASCI. Член е на IEEE и на ACM. Добитник е на наградата ACM „Karl V.Karstrom за исклучителен едукатор. Сето ова е доволен доказ за квалитетот на оваа книга во која внимателно се објаснети мрежите и нивната работа „однатре“, постојниот хардвер за физичкиот дел и апликациите од највисоко ниво.
Дадени се детални описи за секоја тематика одделно со многу примери, при што се разработува дизајнирањето и организацијата на мрежите. Тие може да бидат во најразлични големини и форми, но, сепак, еден создавач на мрежа треба да ги избере најоптималните решенија, и тоа решенија за компании, за мобилни корисници, како и за домашни мрежи. За крај, да си го поставиме прашањето: „Зошто луѓето се заинтересирани за компјутерските мрежи и за што сé можат да се користат?“ Одговорот е даден на околу 900 страници.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците