Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Здравје на живината и менаџмент: Кокошки, мисирки, патки, гуски, препелици

Дејвид Сеинсбери  




Оригинален наслов на книгата : Poultry Health and Management: Chickens, Turkeys, Ducks, Geese, Quail
ИСБН : 978-608-4535-82-9
Година на издавање : 2010
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 3438 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 218
Димензии : 154x235
Корица : мека



Краток опис

Еден од новитетите во ова издание е поглавјето за органско производство на живина и на јајца. Со ова поглавје јасно се става до знаење дека техничкото подобрување во живинарството постојано подлежи на интензивни промени.
Инаку, во оваа книга најмногу преовладува темата за здравје на живината објаснето со речник во кој се избегнати „речникот на болестите“ и „патолошкиот пристап“. Покрај тоа, објаснети се најважните системи за одгледување живина, па дури и оние што не се толку популарни. Сепак, тоа е сторено поради фактот што сé уште се применуваат тие системи во некои делови од светот.
Дејвид Сеинсбери
е ветеринар кој во минатото предавал за здравјето на животните на Универзитетот „Кембриџ“. Во живинарската индустрија тој е добро познат како писател, предавач и консултант поради неговите чести патувања низ целиот свет.
Авторот има направено едно прекрасно дело кое на едно место ги соединува потребните информации за сите што одгледуваат живина или, пак, имаат намера да почнат со тоа. Опишана е комплетната структура на живинарската индустрија и тенденцијата за ограничување на примената на одредени системи само за одреден вид живина. По прегледот на политиката за одгледување, следи објаснување за нутриционистичките потреби на живината. Понатаму се објаснети потребите на живината во поглед на температурата на околниот воздух, осветлувањето и вентилацијата. Сето тоа е анализирано од аспект на изградба на соодветна живинарска фарма со сите потребни стандарди.
Во поглавјето „Болести и нивно интензивирање“ се објаснети начините за спречување на болестите, тргнувајќи од онаа народната: „подобро да се спречи отколку да се лечи“. Ако успешно ги препознаеме факторите што ја предизвикуваат болеста, тогаш здравата живина е чиста реалност!
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците