Помогни ù на палавата панда да си го
најде креветот од бамбус, доцртај му реси на слабините и на опашката на јакот и
придружувај ја двогрбата камила на патот кон оазата.
Со овие едноставни и забавни
активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од
предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за
пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето,
преку:
• Почетно пишување разни видови линии
(прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак);
• Слободно пишување линии;
• Развивање на фините моторни вештини
на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини);
• Можност вежбата да се повтори
повеќепати и детето да се коригира самостојно.
Оваа вежбанка е реупотреблива. На
нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла
(пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин
децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им
овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.