Помогни им на дабарите да направат
брана, на лосовите да си одберат најубави рогови и на гризли-мечките да се
скријат од снежната бура.
Со овие едноставни и забавни
активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од
предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за
пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето,
преку:
• Почетно пишување разни видови линии
(прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак);
• Слободно пишување линии;
• Развивање на фините моторни вештини
на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини);
• Можност вежбата да се повтори
повеќепати и детето да се коригира самостојно.
Оваа вежбанка е
реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг
маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или
сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и
повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.