Еден ден, едно
свилено шамиче ù се налути на мајка си и тргна низ светот да бара дете на кое
му тече носот...
„Танцот на шарените шамичиња“ е прва сликовница за деца
на познатиот писател за возрасни – Александар Прокопиев. Низ лирска, алегорична
приказна за едно шамиче кое доживува брза и ненадејна слава, но сепак мечтае да
си остане тоа што е, авторот ги соочува децата со фантазиите и сништата за
иднината, поддржувајќи ги да мечтаат, но и подучувајќи ги никогаш да не се
откажуваат од себе, од своите блиски и од тоа што во суштината се.