Повеќето деца се
срамежливи. Понекогаш, на дечињата помеѓу четири- и шестгодишна возраст потешко
им оди да склучат пријателства. Во повеќето случаи, проблем им е училиштето
како нова средина, а понекогаш на децата едноставно не им се оди на училиште.
Но, сето тоа го забораваат набрзо откако ќе се сретнат со своите врсници и кога
играта ќе им стане „збирно место“. А тоа што ги олеснува нештата е љубезноста и
обостраната желба за другарување.