Има дечиња вредни и дружељубиви како мравки, но
едноставно не се толку вешти во спортување или во друг тип натпреварување. Оваа
приказна е вистинска „показна вежба“ на најпознатата максима на
основоположникот на модерните Олимписки игри – Пјер де Кубертен: „Не е важно да
се победи, важно е да се учествува!“ Никој не треба да се разочарува ако во
нешто не е вешт како другите, зашто, пак, во нешто друго – сигурно е вистински
махер!