„Жолти чорапи“ е
топла, лирска приказна за препознавање на чувствата кај децата раскажана на
лесен, забавен и симболичен начин преку вселувањето на добродушниот Бувко во
една нова шума. Сакајќи да се запознае и да се спријатели со соседите, Бувко
секому му подарува соодветен подарок и на крајот сите животни стануваат
посреќни.
„Жолти чорапи“ поттикнува
на запознавање и го негува пријателството. Децата, освен што можат да уживаат во оваа
приказна, можат и да учествуваат во неа преку работниот додаток на крајот од
сликовницата.