„Бибисек Втори“ е
книга исполнета со возбудливи настани, авантури, неизвесност, но пред сѐ хумор и смеа. Ќе нѐ поведе низ бурни мориња, острови со чудни
жители и ќе ве запознае со навидум опасни гусари, кои не се желни за злато и
скапоцени камења, туку за песни и внимание.
Со оваа урнебесна
книга Велко Неделковски ни го открива својот раскошен талент за пишување и го
зацврстува својот заслужен статус на еден од најзначајните македонски писатели
на детски книги.