„Во полската
куќичка“ е поема напишана врз мотив од народна бајка и е објавена во 1962
година. Шеесет години подоцна, оваа поема добива ликовна креација со современ
израз. Главната тема во оваа бајка има универзална и трајна вредност и е
податлива за сите деца на сите точки на Земјината топка. Во основата, оваа
бајка зборува за моќта на другарството и сплотеноста. Зборува и за љубезноста и
пожртвуваноста, општоважечки етички пораки кои децата треба да ги усвојат од
најмала возраст.