Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Генералот на мртвата војска : единаесет кажувања

Исмаил Кадаре  




Оригинален наслов на книгата : Le General de l’armee morte
ИСБН : 978-608-267-516-9
Година на издавање : 2022
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 223
Димензии : 135х200
Корица : мека



Краток опис

„Генералот на мртвата војска“ е најпознатиот роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре. Првото издание на романот излегува од печат во 1963 година, кога Кадаре е на дваесет и шестгодишна возраст, и до денешен ден останува најдобро оценетиот роман на овој извонредно оригинален романсиер и од страна на публиката и од страна на критиката.


Во раните шеесетти години на 20 век, речиси дваесет години по крајот на Втората светска војна, еден италијански генерал, придружуван од еден свештеник, кој е, исто така, полковник на италијанската армија, е испратен во Албанија за да ги лоцира и да ги собира останките на неговите сонародници кои загинале за време на војната и да ги погребе во Италија. Како што го организираат копањето и ексхумацијата, така сè повеќе им се наметнува прашањето и за опсегот и за вистинската вредност на нивната задача. Разговорите што се одвиваат меѓу генералот и свештеникот се како за залудноста на војната, така и за бесмисленоста на нивниот потфат.

Како што навлегуваат подлабоко во албанската земја, откриваат дека ги следи друг генерал, кој, пак, ги бара телата на германските војници убиени во Втората светска војна. Исто како и неговиот италијански колега, и германскиот генерал е соочен со истите прашања околу неблагодарната работа што подразбира барање останки од мртви војници и организирање на нивното враќање за да бидат погребани дома, при што и тој ја доведува во прашање вредноста на ваквите гестови од наводна национална вредност.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците