Вежбанката
по предметот МАТЕМАТИКА за 4 одделение во основното деветгодишно образование е создадена
според програмата за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието
и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.
Во вежбанката детето ќе учи како да ги препознава својства на 2Д- и
3Д-формите, како правилно да ги пишува големите броеви, да ги изведува
аритметичките операции со броеви до 10000, да користи мерни единици за маса,
должина и течност, да пресметува периметар и плоштина на 2Д-форми и да користи
дијаграми и графикони за претставување податоци.