Исидора Мун е посебна бидејќи е
поинаква.
Мајка ù е самовила, татко ù е вампир,
а таа е по малку од двете.
На Исидора ù се ниша запче! Вампирите
ги врамуваат своите први вампирски запчиња, но самовилите ги оставаат под
перница за забовилата. Исидора не може да одлучи што ќе прави со своето запче,
до моментот кога една вечер запознава волшебна глувчица по име Миличка.
Со
помош на Миличка, Исидора ќе создаде нова традиција. Традиција што ќе биде целосно
уникатна, исто како неа!