Вилијам Кирван, кочијашот на семејството Канингем, вчеравечер бил УБИЕН додека
го штител имотот на господарот.
Ова е втора ПРОВАЛА во областа за помалку од една недела.
Со надеж дека ќе му помогне на Холмс побрзо да закрепне по еден особено
напорен случај, Вотсон договара посета на пријателот на село. Но, по кражбата
што ја остава збунета локалната полиција, Холмс е вовлечен во мрежа од лаги,
уцени и убиство. Самиот мора да ги најде натрапниците – ако успее да го
преживее случајот...