Биди до третиот
столб одлево пред театарот Лицеум ВЕЧЕРВА во деветнаесет часот. Ти си жена на
која ѝ имаат згрешено и
ќе ја добиеш ПРАВДАТА. Немој да повикуваш полиција. Ако повикаш, сè ќе биде
залудно.
Кога го замолија
Холмс да ја погледне мистериозната порака што ѝ пристигна на Мери Морстен, ниту тој, ниту,
пак, Вотсон очекуваа дека ќе бидат вовлечени во предавничка пајажина стара
неколку децении. Набрзо ќе почнат и опасни експедиции под сјајот на месечевата
светлина за да го разоткријат значењето на знакот на четворката и да го решат
одамна закопаниот криминал.