Емоциите што
извираат од срцето се една посебна „ука“, која за доктор Маријан Бошевски
отвора нови простори, нова творечка авантура – да се изрази емоцијата во стих,
да се преточат сликите во зборови, да се доловат ритмите на исказот и да се
допре до срцето на „другиот“, да се сподели доживувањето со читателот.
Иако неговите
песни се како млади ластари, сè уште недоволно зацврстени и недораззеленети,
сепак се израз на еден автентичен креативен порив и на искрена почит кон
величието на уметноста на зборот.
- Соња Стојменска-Елзесер