Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Театарот и актерите од сосема друг агол

Нада Поп-Јорданова  




Оригинален наслов на книгата : Театарот и актерите од сосема друг агол
ИСБН : 978-608-267-351-6
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 199
Димензии : 165х235
Корица : тврда



Краток опис

Станиславски, уште во минатиот век, велел дека aко има нешто фантастично, тогаш тоа е сцената. А што е тоа толку фантастично што плени, што нè принудува една претстава да ја гледаме повеќепати или да ја догледаме докрај? Дали е тоа пораката што авторот на текстот ни ја испраќа; дали она скриеното што не е искажано вербално/директно, туку само го насетуваме; дали нè плени изведбата на актерите, сцената, динамиката што се одвива пред нас?

Главното прашање на кое треба да одговори оваа книга е: што е тоа што ги мотивира луѓето да се занимаваат со театар и да стануваат актери? Дали тие од другите (обичните) луѓе се разликуваат по своите психолошки карактеристики? Дали успешните актери се поинакви од оние просечните? Што било неопходно тие да се развијат како познати и добри актери? И дали актерите ги потиснуваат сопствените психолошки карактеристики за да ја одиграат улогата успешно во која се нагласени сосема други карактеристики на ликот?

Оваа од многу аспекти извонредна книга, одговорот на ова прашање го бара на вистинското место: во невронауката. Една од ретките вакви дела на македонски јазик, таа е неизоставно четиво за секој со макар и површен интерес за заднинските процеси што ја диктираат не само актерската уметност туку и човековото комплексно секојдневие.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците