Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Прогонетата: Реквием за Линда Б.

Исмаил Кадаре  




Оригинален наслов на книгата : Requiem për Linda B
ИСБН : 978-608-267-387-5
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 160
Димензии : 135х200
Корица : мека



Краток опис

Додека чека да слушне дали неговиот најнов драмски текст ќе биде одобрен за работа, драматургот Рудијан Стефа е повикан на испрашување од комитетот на Партијата. Девојката Линда Б. е пронајдена мртва, а кај неа е откриен потпишан примерок од неговата последна книга.

Тој наскоро дознава дека семејството на Линда, што е под истрага, е прогонето во мало место далеку од главниот град и дека таа извршила самоубиство. Под влијание на параноичниот режим, Рудијан се фаќа себеси во надреална потрага да открие што ù се случило навистина на Линда Б. Низ слоеви од интриги, нејзината приказна се развива постепено: таа била вљубена во Рудијан од далечина и била подготвена да преземе големи ризици за да му се доближи.

Тој е обземен од нејзината приказна и вознемирен поради веројатноста дека е виновен за нејзината судбина.


„Прогонетата: Реквием за Линда Б.“ е првпат објавена на албански јазик во 2009 година, а дејството е сместено меѓу бирократската машинерија на долготрајната албанска диктатура.

Овој роман е зачудувачки и потресен портрет за животот и за љубовта ставени под надзор, исполнет со мит, лут хумор и со апсурдноста на параноичниот режим.


Исмаил Кадаре (1936 г.) е најзначајниот албански романсиер, есеист и драмски автор, кој во светската книжевност се прославува со романот „Генералот на мртвата војска“. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Други познати дела му се: „Куклата“ (на македонски јазик објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“), „Палата на соништата“, „Ќерката на Агамемнон“, „Наследникот“ и др.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците