Романот за деца „Кога ми ги убиваа животните“ е продолжение на романот „Светлина зад ридот“. Дејството од селото Живно се префрла во најблискиот град. Петре треба да тргне во средно училиште и Дедото заминува во град за да му обезбеди услови за живот, каде што подоцна му се придружува и Петре. Тие се зближуваат со едно момче по име Дамјан и со неговото семејство. Дамјан и Петре стануваат неразделни другари и заедно доживуваат секакви згоди и незгоди. Дедото со помош на градоначалникот успева да отвори зоолошка градина во дворот на куќата и донесува знајни и незнајни животни.
Но, некој ги убива! Кој? И зошто?