Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Аз, буки, веди

Видое Подгорец  




Оригинален наслов на книгата : Аз, буки, веди
ИСБН : 978-608-267-340-0
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Либи
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 112
Димензии : 140х200
Корица : мека



Краток опис

„Аз, буки, веди...“ е романизирана биографија на солунските браќа Кирил и Методиј, апостолите на културниот развој на Словените, мисионери на христијанството и создавачи на глаголицата, најстарата словенска азбука. Видое Подгорец со ова дело, симболично насловено токму со имињата на првите три букви од тогашната азбука, дава исклучителен книжевен придонес кон приближување на далечниот деветти век, како и за објаснување и осветлување на вистинските заслуги на Кирил и Методиј пред денешните деца. На едноставен, топол и лирски начин се оживеани ликовите на светите браќа, на нивните (не)пријатели и ученици, а целиот поширок културен и временски контекст е предаден на многу разбирлив и приемлив начин. Историските факти се проткаени низ текстот со широко познавање што не ја оптоварува романизираната биографија, туку само ја поткрепува и ја збогатува. 


Со оваа книга на Подгорец, Кирил и Методиј, како и создавањето на глаголицата, а потоа и нејзиното развивање во кирилица, им се приближуваат на децата од најубавата страна: од страната на книжевноста. 




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците