Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Веќе не сум истиот

Војо Цветановски  




Оригинален наслов на книгата : Веќе не сум истиот
ИСБН : 978-608-267-325-7
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 136
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Во изминатите петнаесетина години успеав да ги запознаам речиси сите кловнови, жонглери, пантомимичари, голтачи на оган, магионичари, улични музичари, улични живи статуи, односно сите улични артисти што работат по улиците на Европа. И јас станав дел од тој патувачки циркус, дел од сите тие фестивали за улична уметност каде што настапував како уличен артист – пантомимичар, односно улична жива статуа.

Веќе не сум истиот. Некаде по пат се загубив себеси...

Две навидум независни приказни се преплетуваат на крајно неочекуван начин. Во првата приказна – нараторот, уличен артист – презаситен од своето секојдневие, е во потрага по себеси, без да знае дека промената го чека зад аголот.

Во втората приказна, една млада писателка во креативна криза, не е свесна дека пред себе има содржаен материјал за роман што може да ја извлече од непријатната ситуација со нејзиниот издавач.

Неверојатен тек на настаните, речиси судбински, ќе ги спои овие две приказни во неочекуван епилог.

„Веќе не сум истиот“ е дебитантски ракопис на авторот Војо Цветановски, напишан во манир на искусен писател, кој вешто си игра со жанровите, создавајќи хибриден роман во кој има и раскажувачки и драмски и епистоларен дискурс, а сето тоа е вкомпонирано во една цврста и стабилна структура.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците