Ноам Чомски е познат американски лингвист, филозоф, историчар и политички активист. Во академските кругови е познат како „таткото на современата лингвистика“, но на пошироката публика е познат како остар критичар на современото американско општество и светот воопшто. Автор е на повеќе од 150 книги, меѓу кои и бестселерот „Кој владее со светот?“
Во оваа книга, Чомски зборува за неолиберализмот, анализирајќи ја концентрацијата на богатство и моќ во САД во последните 40 години. Авторот храбро пишува за промените во односите на општествените сили и како тие примени доведуваат до пропаѓање на таканаречената „средна класа“, изразено со зголемувањето на разликата меѓу богатите и сиромашните. Во тој процес, Чомски препознава „десет принципи“ според кои се раководат моќниците и благодарение на коишто приграбуваат досега невиден степен на општествена контрола, што неминовно доведува до поткопување на темелите на демократијата.