Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Пандемија 2

Славој Жижек  




Оригинален наслов на книгата : Pandemic!. 2, Chronicles of a time lost
ИСБН : 978-608-267-292-2
Година на издавање : 2021
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 176
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Во продолжението на неговата книга „Пандемија! Ковид-19 го тресе светот!“, светски прочуениот словенечки филозоф, психоаналитичар, автор и коментатор на современите случувања, Славој Жижек, одново се осврнува на светот зафатен со пандемијата, но овој пат речиси една година подоцна, од позиција на сведок.

 

Жижек не се оддава на повторување на веќе изнесените согледувања, ниту, пак, запаѓа во стапицата на самобендисаното задоволство од точноста на сопствените предвидувања. Наместо тоа, познатиот аналитичар нурнува уште подлабоко во феноменот на општеството растргнато помеѓу стремежите за слободно движење и дружење од една, и потребата за колективни воздржувања од друга страна. Во реакцијата на човештвото на долгите месеци поминати во изолација, страв од зараза и гнев заради неунифицираниот одговор на властите, Жижек ги препознава симптомите на цивилизација заробена во сопствените противречности и неспособна за заедничка борба не само со вирусот туку и со идните, уште поголеми предизвици. Пандемијата, се чини, наместо да го обедини човештвото пред заедничкиот непријател, уште повеќе ги потенцира неговите вградени идеолошки конфликти, можеби забрзувајќи го патот кон амбисот. Како што смета авторот, овој мачен пат не мора да заврши со пропаст. Решението постои, но тоа од сите нас ќе бара многу повеќе отколку што сега изгледа дека сме подготвени да дадеме.

 

Предметот на оваа фантастична и изненадувачки читка анализа не е само пандемијата. Во неа читателот ќе најде извонредно длабок увид за актуелните состојби во светот и претставува задолжителна лектира за секој што сака не само да знае туку и да разбере: што се случува со нашата кревка замисла за „нормално секојдневие“?



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците