Невеста * Кум *
Планерка на свадби * Деверица * Тело
На остров крај брегот
на Ирска, се собираат гости за да го прослават станувањето во брак на двајца
луѓе. Младоженецот: згоден и шармантен, телевизиска ѕвезда во подем. Невестата:
паметна и амбициозна, издавач на списание. Тоа е венчавка за медиумите, во
стилот на познатите ѕвезди: дизајнерски фустан, оддалечена локација, додатоци
за забава, најдобро виски. Сигналот за мобилна телефонија е нестабилен,
брановите жестоки, но секој детаљ е совршено испланиран и стручно ќе биде
реализиран.
Но совршенството е за
планови, а луѓето се несовршени. Шампањот е послужен, започнува забавата, а со
бројните реминисценции и добри желби, почнуваат низа непријатности и љубомора.
Другарите на младоженецот ја почнуваат играта со пиење од нивните училишни
денови. Деверицата не толку случајно го уништува својот фустан. Најстариот
пријател на невестата прави необична здравица.
И тогаш излегува дека
некој е мртов. Кој не им посакува добро на младоженците? И, можеби уште поважно,
зошто?