Заштитата
на лицата со попреченост е еден од најосетливите и најспецифичните елементи на
општествено-развојната, економската и пред сѐ социјалната политика воопшто.
Наша обврска е да го афирмираме развојот на заштитата на лицата со попреченост
во рамки на модерната, плуралната, социјална политика имајќи го предвид лицето
со попреченост како поединец, личност со сите свои општи и специфични потреби.
Системските решенија мора да ѝ овозможат на секоја категорија лица со
попреченост да ги формира, изрази и да ги реализира своите основни развојни
потреби и посебни интереси, да има еднакви можности како и другите луѓе.