Еден ден, се случи нешто што Тито не можеше
ни да го замисли. Додека одеше кон училиштето, пред него нешто заблеска, многу
чудно и многу силно. Личеше на гром, но беше толку блиску до него! Постепено,
светлината доби две тркала, шипка и волан. Тито зачудено гледаше како се
создаваат дланки на воланот, па раце, па рамена, па глава, па тело, па нозе и
на крај, пред него стоеше – дете на тротинет!