„Секој има своја приказна. Секој има свој пат, со свои предизвици,
со угорнини и падови. И мојата е таква, не е права монотона линија. Во животот поминав
многу предизвици. Ако ми кажеш дека нешто те боли, те разбирам, ме болеше и
мене, многу. Ако ми кажеш дека те отфрлија, те разбирам и знам како ти било.
Ако ми кажеш дека те повредија, те навредија, пак ќе те разберам и тоа им го
дозволив. Ако ми кажеш дека некого изгуби, знам како ти е и јас изгубив. Знам
што е болка, знам што е тага, знам што е отфрленост. Но, знам и што е храброст,
упорност и борба за подобро јас, од тоа што бев вчера. Никогаш не се откажав се
борев на начин на којшто знаев. И секогаш, во сè давав 100 %.“
„Инспирирај
се за промени“ е трогателна, но истовремено и охрабрувачка приказна за еден
навидум сосем обичен пар, изгубен во премрежјата на секојдневието, кој наоѓа
доволно сила и мудрост да го препознае патот надвор од тунелот. Задолжително
четиво за сите што се обесхрабрени од навидум несовладливите предизвици на
современото живеење.