Toa врнежливо саботно
утро на вратата се појави едно накиснато дванаесетгодишно момче, барајќи стара
хартија. Вратата ја отвори мајка му на Игче и токму од тој момент Соколе
Најденовски од Домот за деца без родители стана дел од нивните животи, а
врсниците Игче и Соколе стануваат и најдобри другари.
Но, набрзо откриваат дека
во Домот не постои никаков Соколе Најденовски! Тогаш, кое е тоа момче и кој е
всушност Соколе? Дали навистина ова дете е од Домот? Што е со необичните
предмети што Соколе ги чува во домот на Игче, што е со мистериозните јавувања
кај сосетката, со татко му на Соколе и со кршливиот мост до куќата на Олга
Коленова?
„Преминот
не е осветлен“ е трилер исполнет со мистерија и авантура, но и топла приказна
за животот и за пријателството...