Софија е многу возбудена поради тоа што е во Академијата
за еднорози. Сигурна е дека Ѕуница, нејзиниот прекрасен еднорог, ќе ù стане
најдобра пријателка.
Кога Волшебното езеро ќе добие чудна боја и магијата на
еднорозите ќе тргне на лошо, Софија и Ѕуница знаат дека можат да го поправат
ова. Но, мораат да бидат храбри и да тргнат на голема авантура во шумата...