Приказнарот напишал 31 приказна –
за секоја буква од македонската азбука по една. Во секоја приказна има многууу
зборови што почнуваат на буквата за која ни раскажува приказнарот. Читајќи за
авантурите на едно чудо необични јунаци, ние всушност учиме да ги препознаваме
буквите и да ги изговараме правилно.
Оваа сликовница може да се користи како
дополнување (еден вид вежбанка) на книгата „Изградување на изговорот, говорот и
јазикот кај децата и возрасните“ од Јордан Јорданоски и Владо Димовски, но и
независно во фазата на описменување на децата.
Прирачникот „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ е достапен тука:
https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14360