Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација

Томислав Османли  




Оригинален наслов на книгата : Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација
ИСБН : 978-608-259-763-8
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Либи
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 104
Димензии : 145х205
Корица : мека



Краток опис

Во оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку од „најстарите приказни“ − приказни што оставиле и што сè уште оставаат печат врз нашата култура и историја. Раскажувањето почнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија.  Следуваат две големи авантури и патешествија: задачите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, чудовишта, магија и љубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора циклусот со избраните најстари повести, за на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат.

Целта на оваа книга е на јасен и автентичен начин на младата читателска публика да ù се доближат најстарите приказни што се појавиле во мугрите на западната цивилизација. Зашто „митовите се живите мечти дојдени од медитеранскиот дел на древниот свет во големиот современ свет – запечатени во културата и во колективното несвесно“. Со други зборови, колку и да се стари, овие приказни секогаш ќе останат „современи“ заради возбудливите настани и силните етички пораки во нив.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците