Исклучително слатка, со нежен
хумор и остроумност, „Тука сме“ претставува сликовница-упатство за живеење на
планетата Земја. Авторот Оливер Џеферс ја создаде специјално за неговиот син,
но со универзален тон што им се обраќа и ги опфаќа сите деца на светот и
нивните родители. Независно од тоа дали станува збор за сложен приказ на
земјиштето на нашата планета (нерамно, шпицесто, влажно) или за длабок поглед
кон нашето место во вселената (која е огромна) или за водич за целото човештво
(не залажувајте се, сите сме луѓе), мудроста и духовитоста на
Оливер Џеферс, во
комбинација со вредносниот систем на добрината и толеранцијата, ја прават оваа
книга задолжително четиво за сите родители и деца.