Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Генералот во својот лавиринт

Габриел Гарсија Маркес  




Оригинален наслов на книгата : El general en su laberinto
ИСБН : 978-608-259-735-5
Година на издавање : 2020
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 256
Димензии : 135х200
Корица : мека



Краток опис

Најполитичкиот роман на Маркес ја раскажува трагичната приказна на генералот Симон Боливар – човекот кој се обиде да обедини еден цел континент.

Боливар, во шест латиноамерикански земји познат како „Ослободителот“, е еден од најпрочуените јунаци на западната хемисфера. Во брилијантниот и единствен приказ на Боливар од страна на Маркес, тој е извонредно прикажан и со сите свои човечки мани. Романот го следи неговото последно патешествие по реката Магдалена кон морето во 1830 година, пронижано со потсетувања на сцени од некогашните славни времиња и со жалоста по загубениот сон за обединување на американските народи. Лишен од некогашната моќ, постојано под закана од атентат и предвремено остарен и изнемоштен од фатална болест, генералот сè уште е еден извонредно витален и темпераментен човек. Се чини дека она што го држи во живот е неверојатната сила на волјата што ја поседува, која во минатото е и клучот како за неговите победи на бојното поле, така и за неговите недобројни љубовни врски. Додека се движи низ сопствениот лавиринт, сочинет од моќта што сè повеќе слабее и од сеќавањата што сè посилно испливуваат на површината, тој ù пркоси на смртта до последниот здив.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците