„Крал Лир“ е една од најголемите трагедии на драмскиот мајстор Вилијам
Шекспир. Драмата се фокусира на Лир, остарениот крал на Британија и неговите
три ќерки, Гонерил, Реган и Корделија. Кога Лир сака да се повлече од
престолот, решава да го подели своето кралство меѓу неговите три ќерки и секоја
од ќерките ја прашува колку го сака. Гонерил и Реган, алчни да го земат својот
дел, му даваат додворувачки одговори, а Корделија молчи, што го налутува Лир и
поради тоа се откажува од неа. Драмата ја раскажува судбината на Лир откако ќе
се откаже од своето кралство и ќе си го уништи односот со ќерките.
Оваа
куса наративна верзија на драмата e прилагодена за помладите читатели. Децата
можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може
да се користи и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и
илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и
ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини.