„Многу врева за ништо“ е популарна комедија од најголемиот драмски автор на сите времиња,
Вилијам Шекспир. Дејствието на драмата се одвива во мирниот град Месина на
Сицилија, каде што два пара љубовници, Бенедик и Беатриче, и Клаудио и Хера, се
среќаваат во куќата на Леонато, кој е татко на Хера и чичко на Беатриче.
Бенедик и Беатриче влегуваат во меѓусебна војна на задевање, додека Клаудио и
Хера меѓу себе се заветуваат на љубов и решаваат да се венчаат. Арно ама, во
еден неочекуван пресврт на работите, Хера и Клаудио се разделуваат, а Бенедик и
Беатриче признаваат дека се вљубени.
Оваа
куса наративна верзија на драмата e прилагодена за помладите читатели. Децата
можат самостојно да ја читаат или, пак, со помош на родителите. Исто така, може
да се користи и како дополнителна литература во наставата. Лесната нарација и
илустрациите во комичен стил со сигурност ќе го привлечат интересот на децата и
ќе придонесат за подобар развој на нивните читачки вештини.