Еј, здраво!
Неверојатната
мачка-нинџа Тото се врати, и тоа уште покул од претходно!
Се случи
нешто катастрофално: сето сирење од целиот свет исчезна. Некој го украл.
Придружете им
се на Тото, нејзиниот брат Сивко и заедничкиот пријател Мачколик на нивната
тајна спасувачка мисија. На Тото ќе ù требаат сите нинџа-вештини за да го совлада тој
безмилосен крзнен крадец на сирењето...