Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

ПИЕСИ за пијано 3, Романтизам и импресионизам Кн.1

Снежана Анастасова Чадиковска ,   Стојанчо Баковски  




Оригинален наслов на книгата : Pieses for piano 3, Romanticism and impressionism Vol.2
ИСБН : 978-608-66195-2-7
Година на издавање : 2019
Издавачка куќа : COMPENDIUM MUSICUM
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 116
Димензии : 230х330
Корица : мека



Краток опис

„Пиеси за пијано – романтизам и импресионизам“, уредени од м-р Снежана Анастасова Чадиковска и м-р Стојанчо Баковски, излегоа од печат и се достапни за нарачка.

Публикациите се дел од едицијата Compendium Musicum на Музичкиот издавачки центар од Скопје, кои имаат за цел да претстават во македонската јавност значајни стилски периоди низ нотен запис, да им овозможат на учениците по пијано на сите степени на образование да се запознаат преку организирано нотно издание барем со еден мал дел од музиката на романтизмот и импресионизмот, како и да им послужат на сите оние за кои изведбата на пијано е своевидно духовно задоволство.

Постапноста на усложнување на пијанистичката фактура и музичката содржина на делата ги разоткрива можностите на овој зборник во смисла на практичен прирачник во процесот на изучување на инструментот пијано и музиката воопшто. Ценејќи го недостатокот од литература посветена на историјата на музиката кај нас, како и непостоењето на македонски музички речник, кон нотните записи на делата се додадени записи за стиловите, белешки за самите композитори, како и мал толковен речник, што го прави ова издание прво од ваков вид кај нас.

 

Изборот на пиесите и уредувањето го направија м-р Снежана Анастасова Чадиковска и м-р Стојанчо Баковски, а компјутерската нотографија ја изработија Марко Коловски и Јана Бојовиќ.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците