Седумдецениското континуирано дејствување на
ансамблот „Танец“ резултира со исклучително значаен придонес во собирањето и
зачувувањето раритетни, автохтони содржини од богатото фолклорно творештво што
низ векови го создавал народниот гениј. Резултира со значајни авторски приоди
во современи звучно-визуелни сценски надградби на традиционалното. Резултира во
афирмирање на спецификите на инструменталното, вокалното и
вокално-инструменталното музицирање, во изворна форма и надградено.