Едуардо Халфон е професор по литература кој пронаоѓа талентиран студент
растргнат меѓу студиите и семејните обврски, истовремено внук кој се осмелува
да го праша својот дедо за броевите тетовирани на неговата рака, а потоа и
патник кој трага по борделите во Белград по пијанист кој можeби е – а можеби и
не е – стар пријател.
Од еден крај на светот до друг, од Аушвиц до Гватемала, од југот на
Соединетите
Американски Држави до Голи Оток и Белград, Халфон ја мапира географијата на идентитетот
во свет прекриен со заветот на насилството и прогонството...
„Смешно и разоткривачко четиво... Како што границите, физичките и
менталните, се прецртуваат и се менуваат, приказните што ни ги раскажува
Едуардо, нам и на самиот себеси, се разоткриваат не само како делумни туку и
фантастични, невистинити. Полскиот боксер можеби никогаш и не постоел. А сепак,
тоа не е начин да се намали задоволството што го нудат многубројните приказни
на Халфон“, Њујорк тајмс.