Непознато суштество ги напаѓа европските и американските
бродови! Светот е во паника! Американците веднаш дејствуваат и ја испраќаат брзата
фрегата „Абрахам Линколн“ да го пронајде и да го уништи мистериозниот
непријател. Ангажиран е угледниот професор од Парискиот музеј, Пјер Аронакс,
кој испловува на бродот заедно со својот верен помошник, Советко.
По еден жесток судир со
чудовиштето, професорот Аронакс, Советко и китоловецот Нед Ланд паѓаат во
океанот, навидум без никаква шанса за преживување. Но, во тој момент, ги
спасува некој! Кој е нивниот спасител? Какви сè авантури ги чекаат нашите
јунаци?