Маша не се плаши од ништо – ниту од мрак, ниту од бура,
ниту од глушец, ни змија. Таа има само еден голем страв и никому не кажува за
тоа, дури ни на мама. Се плаши дека ќе го заборави тато, кој ја научи како да
лови глуварчиња.
Најдобриот другар на Маша се вика Јанко и седи во клупата
со неа. На почетокот тој беше малку необичен. Беше многу лут и не сакаше со
никого да разговара, дури ни со Маша. Со помош на мама Сенка, тетка Драга и
една добра учителка, Маша и Јанко ќе ги победат своите стравови и ќе научат
многу работи за љубовта и за пријателството.