Оваа книга ќе им помогне
на децата при:
-
Развој на
когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се
решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика.
-
Развој на функционалните
вештини, како планирање, користење техники и стратегии во решавањето на
проблемските ситуации.
-
Развој на
фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака.
-
Поттикнување
на самодовербата, креативноста и фантазијата.
-
Градење чувство
за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење, критичко
и самокритичко размислување, потреба да
се даде или да се побара помош.