Оваа книга ќе им помогне
на децата при:
-
Развој на
когнитивните способности и вештини; разбирање дека секоја ситуација може да се
решава чекор по чекор за да се дојде до целосната слика.
-
Развој на
функционалните вештини, како планирање, користење техники и стратегии во
решавањето на проблемските ситуации.
-
Развој на
фината моторика, сензорните вештини и координацијата око-рака.
-
Поттикнување
на самодовербата, креативноста и фантазијата.
-
Градење
чувство за тимска работа: споделување идеи, почитување на туѓото мислење,
критичко и самокритичко размислување,
потреба да се даде или да се побара помош.