Приказната
на „Невидливо“ ја раскажуваат три различни раскажувачи. Романот временски се
протега од 1967 до 2007 година и дејството се движи од Морнингсајд хајтс во
Њујорк, продолжувајќи во низа случки на левиот брег на Париз, па сè до еден
далечен остров на Карибите. Ова е една книга за младешкиот гнев, за
незаситноста на сексуалните апетити и за неуморната потрага по правда.
Бескомпромисен
во поглед на острината на увидот, Остер нè поведува на патување низ замаглените
меѓупростори на вистината и сеќавањето, на границата меѓу авторството и идентитетот,
така создавајќи едно дело со незаборавна моќ што ја потврдува неговата
репутација на „еден од најспектакуларно инвентивните американски писатели“.
Пол
Остер (1947 г.) е еден од најзначајните современи американски писатели, поет,
есеист, сценарист, режисер и преведувач. Со својот општествен ангажман се
вбројува меѓу највлијателните критичари на современиот свет, особено на
современото американско општество. Автор е на романите „Левијатан“, „Месечева
палата“, „Њујоршка трилогија“, „Бруклински будалштини“...
Неговите
книги се преведени на повеќе од дваесет јазици.