Малку луѓе во историјата дале толкав придонес кон погодностите на современото секојдневие како Никола Тесла. Неговите дела овозможиле електричната енергија да допре до сите
катчиња на нашата планета, а нејзината примена да експлодира во безброј
области на човековиот
живот – процес
кој речиси незапирливо продолжува долги години по неговата смрт. Оставштината на Тесла е
богата, секогаш актуелна и неисцрпен извор на инспирација.
Но, и покрај
тоа што влијанието на Тесла е
толкаво што е речиси невозможно да се исцрпат епитетите, неговата застапеност во јавниот дискурс е изненадувачки мала, особено во Западната културна сфера.
Оваа автобиографија дава увид во фасцинантниот внатрешен свет на еден од најголемите гении, но притоа
на разбирлив јазик зборува и за техничката природа на неговите изуми. Правејќи го тоа, Тесла на посреден, но уверлив начин ни ја презентира својата визија за еден подобар, поправичен и помирен свет – свет чија благосостојба не е нус-производ на
борбата за профит,
туку е резултат на искрената, автентична желба за подобар живот на сите,
без очекување награда.