Во оваа продорна и темелна анализа на актуелната
меѓународна ситуација, Ноам Чомски истражува како, и покрај подемот на Европа и Азија, САД сè уште ги одредуваат глобалните
текови. Повикувајќи се на најразновидни примери, од американското инволвирање
во Куба до санкциите против Иран, Чомски ни покажува како декларациите за
слобода и демократија честопати не се согласуваат со акциите во вистинскиот
свет. Покрај ова, обрнува внимание на изборот на Трамп и што тоа зборува за
американското општество.
Книгата „Кој
владее со светот?“ е жесток напад врз светогледот презентиран од мејнстрим
медиумите и како таков е неизоставно четиво за секој што сака да знае повеќе од
новинските наслови.