Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Мацини

Денис Мак Смит  




Оригинален наслов на книгата : Mazzini
ИСБН : 978-608-259-014-1
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 302
Димензии : 155x235
Корица : мека



Краток опис

Оваа книга за еден од најистакнатите историчари на Италија е првата модерна биографија на англиски јазик за Џузепе Мацини, еден од водечките ликови во политичкиот и интелектуалниот свет во средината на XIX век во Европа. Денис Мак Смит го преиспитува идеолошкото влијание на Мацини и го портретира како жесток пропонент на патриотизмот, доминантна фигура во борбата за италијанската независност и обединување и фасцинантна личност, чиишто идеи го поврзале со Маркс, Карлајл, Мил и Бакунин.

„Новата биографија на Денис Мак Смит брзо ги надмина нејзините претходници на кој било јазик. Ова не е изненадување, бидејќи Денис Мак Смит е еден од најдобрите писатели на историски биографии и најзначајниот жив историчар на италијанското обединување“, Дерек Бијалс, „Њујорк ривју оф букс“ (New York Review of books).

„Ова е финална биографија: на ова дело не мора да се работи повеќе“, А. Л. Рос, „Ивнинг стандард“, Лондон (Evening Standard).

„Доајенот на историчарите на модерна Италија: Мак Смит напиша книга што ги содржи сите вообичаени квалитети за восхит како и неговите претходни дела, комбинирајќи пристапен и течен наративен стил, со лесна, но беспрекорна вештина... Се надевам дека книгата на Мак Смит ќе поттикне преиспитување, не само на местото на Мацини во италијанската историја на XIX век туку исто така и на неговите интелектуални придонеси кон создавањето на Европа на сите нации, што останува исто толку итно во наше време колку што била и во неговото“, Ричард Белами, „Тајмс литерари саплемент“ (Times Literary Supplement).

„Дефинитивно многу интересна книга за еден револуционер, многу порелевантна за наше време отколку Маркс, Ленин или Мао“, „Тајмс“, Лондон (Times, London).

„Совршено разумна и извонредно интересна... Би требало да е, и веројатно ќе биде, задолжително четиво за сите студенти на модерната европска историја“, Патриша А. Коландер, „Хисторијан“ (Historian).

Денис Мак Смит е член на Британската академија и командант на италијанскиот ред на заслуги. Член на колеџот „Волфсон“ и почесен член на „Ол соулс“ Окфорд. Тој има напишано многу книги, вклучувајќи и биографии на Мусолини, Кавур и Гарибалди, како и Италија и нејзината Монархија, издадени од „Јејл јуниверзити прес (Yale University Press).

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците