Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Мал водич низ македонскиот знаковен јазик

Викторија Волак ,   Марија Башеска Стојановска ,   Виолета Апостоловска ,   Соња Кимова Делевска  




Оригинален наслов на книгата : Мал водич низ македонскиот знаковен јазик
ИСБН : 978-608-259-065-3
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 24
Димензии : 210х210
Корица : мека



Краток опис

На светската мапа преку 70 милиони луѓе имаат оштетен слух и говор, што во секојдневието зборовите ги замениле со знаци. Не можејќи да слушаат и да зборуваат, но со неверојатна убавина ви го нудат својот мајчин јазик – знаковниот јазик.

Во Македонија, лицата со оштетен слух, без оглед на возраста, полот и етничката припадност, во секојдневната комуникација го користат македонскиот знаковен јазик како свој природен мајчин јазик. Со донесувањето на Законот за употреба на знаковен јазик во август 2009 година се признава македонскиот знаковен јазик како потполно природен начин на комуникација еднаков на говорната комуникација, а со тоа и се признава и се регулира правото на глувото лице да се изразува слободно на својот мајчин знаковен јазик.

Во светската федерација на глуви лица, македонскиот знаковен јазик се вброи како рамноправен меѓу повеќе од 130 различни знаковни јазици во светот.


Оваа брошура/публикација преку својата содржина ве повикува да станете сојузници, а и да го поттикне интересот за изучување на овој начин на комуникација. А дали е тешко? Не, само малку љубов во вашите срца ќе биде доволно да зачекорите во тишината...

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците