„Искусна штетница ќе ги превоспита вашите добри деца. Имате
дете со добро срце? Доверете ми го! Шифра: Ќе ви вратам НИКАКВЕЦ!“
Во лошилиштето на Злоберта Штетибертова учат како да станат
лоши една Талкачка што ги насочува залутаните по вистинскиот пат, еден Наречник
кој прорекува само добри нешта, Бебирога – бебето на Бабарога кое е убаво и
миличко, децата на кралот Суровоглав кои се сосема добри, внукот на ѓаволот,
кому не му растат рогови и неколку хиперактивни џуџиња што не знаат да пакостат.
Злоберта се мачи да ги превоспита, но тие освен што здружно ќе дејствуваат и ќе
успеат да го победат пеколот, ќе успеат и заеднички да исправат една голема
неправда од минатото.